Количка
Македонска граматика / Круме Кепески

Македонска граматика / Круме Кепески

  • Автор: Круме Кепески
  • Издател Държавно книгоиздателство на НР Македониjа
  • година 1950
  • Наличност: 1
  • 250.00 лв.

    Безплатна доставка при поръчки над 60.00лв. за България

Книгата е в добро състояние - лека следа от влага по страниците, без щета за текста и здравината на хартията, минимално нагъване.

На 26 јануари, во 1946 година, изглегла од печат првата Граматика на македонскиот јазик напишана од професорот Круме Кепески. По издигнувањето на македонскиот литературен јазик со историската одлука на Заседанието на АСНОМ, од 2 август 1944 година, се поставува прашањето околу концепцијата за една официјална граматика.

Нужната потреба од граматика ја исполнува токму Кепески, кој за мошне кратко време ја напишал Граматиката, засновувајќи ја и македонската граматичка терминологија, така што и е објавена во најкраток можен рок.

Со граматиката се покажува посебната структура на македонскиот јазик, а Граматиката веднаш нашла соодветна примена во практиката, особено во образованието па и пошироко во сите комуникациски сфери, администрацијата, културата.

Граматиката на македонскиот јазик била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена македонска граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“ издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски. Тоа е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика. Граматиката на Кепески помогна во кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Круме Кепески е македонски лингвист, преведувач и граматичар, роден на 8 април 1909 година во Прилеп. Завршил Филологија на Универзитетот во Белград во 1935 година. По ослободувањето предавал македонски јазик во Педагошката академија во Скопје. Починал на 3 ноември 1988 година.

формат 200/140 мм;  меки корици; 156 стр.